Лесно јадење: Туна со зеленчук

Лесно јадење: Туна со зеленчук

Брзо, здраво и лесно јадење од свежа туна.

Состојки:

  • 500 гр свежа туна
  • 2 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 3 домати
  • 6 компири со средна големина
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл бујон
  • 1 лажичка сечкана мајчина душица
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Туната исечкајте ја на коцки, пиперките на ленти, доматите на коцки, а компирите на парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги.

     

  2. Во длабока тава загрејте масло, мешајќи пржете пиперка, кромид и лук. Добро посолете и побиберете, налијте вино и бујон, додајте домати, компир и мајчина душица, поклопете и гответе на слаб оган околу 20 минути.

     

  3. Десетина минути пред крај додајте туна. Пробајте го јадењето, по потреба уште зачинете и украсете со мајчина душица.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text