Вкусен доручек: Запечени јајца со спанаќ

Вкусен доручек: Запечени јајца со спанаќ

Вкусен доручек готов за миг!

Состојки:

  • 8 јајца
  • 200 гр спанаќ
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 лажици павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • 2 лажици презла
  • 60 гр рендано сирење
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

  1. Јајцата згответе ги околу 5 минути да бидат полутврди. Излупете ги и пресечете ги на половини. Спанаќот исчистете го, измијте го, кратко бланширајте и исцедете. Разматете кисела павлака и павлака за готвење па зачинете.

     

  2. Јајцата ставете ги во огноотпорен сад кој сте го премачкале со путер, прекријте со спанаќ и залијте со мешавина од павлака. Посипете со презла и сирење па печете во рерна околу 10 минути додека сирењето не се растопи.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text