Мек и сочен десерт кој ќе ви стане омилен семеен колач.
Состојки:
- 4 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- рум шеќер
- 1 рака суво грозје
- 4 лажици гриз
- 100 гр чоколадо
- 800 мл млеко
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте гриз и рака суво грозје. Добро измешајте, па ставете во намастен плех и печете 20 минути на 200 степени. Млекото згответе го, додајте ванилин шеќер и 2 лажици шеќер.
- Додајте и 100 гр чоколадо и рум шеќер. Кога ќе зоврие и чоколадото ќе се растопи, а кохот ќе се испече, прелијте со врело млеко преку врелиот колач.
- Оставете да впие и да се излади.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна