Направете сами пилешки бујон

Направете сами пилешки бујон

Рецепт за пилешки бујон…

Состојки:

  • 2 кг сирови иситнети пилешки батаци со крила и коски
  • 1/2 главица лук
  • исечкан целер
  • 2 парчиња сечкан праз
  • 2 главици крупно сечкан кромид
  • 2 сечкани моркови
  • 3 ловорови листови
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 5 гранчиња свеж магдонос
  • 5 гранчиња свежа мајчина душица
  • 5 цели зрна бибер
  • 6 л ладна вода

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере ставте пилешко, издробен лук, зеленчук, зачински билки и бибер. Додајте ладна вода и зовријте. Тргнете ја маснотијата од површината, намалете го огнот и оставете да се готви 3-4 часа. Повремено отстранувајте ја маснотијата. 
  2. Процедете низ сито, оставете половина час да се излади па ставете во фрижидер. Кога ќе се излади ставете го бујонот во пластични садови со капаци и замрзнете.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука