Деликатес: Макарони со сос

Деликатес: Макарони со сос

Направете вкусни макарони со сос, ова се мерки за една порција.

Состојки:

  • 100 гр. макарони
  • 1 црвена пиперка
  • 3 лажици масло
  • 1-2 лажици мајонез
  • 3 лажици рендан кашкавал
  • ½ шолји млеко
  • сол, кари и бибер

Подготовка:

  1. Се варат макароните вообичаено во солена вода, се цедат.
  2. Се чисти пиперката и се сече ситно, па се става на тава со масло и ½ шолји топла вода, ставаме по вкус кари, сол и бибер.
  3. Се динста додека не омекне.
  4. Се меша во сад мајонез со млеко и кашкавал.
  5. Се ставаат во пиперката макароните, смесата од мајонез горе и се вари да се згусне.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?