Готвено месо со зеленчук

Готвено месо со зеленчук

Рецепт за вкусен ручек од говедско месо…

Состојки:

  • 1/2 кг говедско месо
  • 1 шуплива коска
  • 3 дл масло
  • 1/2 праз
  • 1/2 млад целер
  • 1/2 морков
  • 1/2 главица зелка
  • зачински билки
  • 1/2 ловоров лист
  • неколку зрна бибер
  • магдонос заедно со листови
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во голем лонец загрејте масло и на него пропржете коски и крупно сечкан кромид. Додајте месо во едно парче, пропржете го и додајте вода месото да биде покриено. После 1 час лесно готвење, измешајте крупно исечкан зеленчук и зачини. Посолете и гответе уште 15 минути.

     

  2. Исцедете ја супата, додајте посебно зготвени резанки и посипете со исечкан магдонос. Месото исечкајте го и вратете го во лонецот.

     

  3. Посебно згответе и со варивото послужете исечкан компир.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте