Ружи со ореви: Стар колач за чисто уживање

Ружи со ореви: Стар колач за чисто уживање

Овој колач задолжително оди со домашно кафе или компот.

Состојки:

  • 350 гр брашно
  • 120 гр маст
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 10 гр квасец
  • 2 јајца
  • кора од лимон
  • 100 мл млеко
  • 100 гр мелени ореви
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете јајце и една жолчка, маст и додајте 2 лажици шеќер. Квасецот потопете го во малку млака вода и лажичка шеќер па додајте во јајцата со маст. Додајте брашно, сол, кора од лимон, млеко и замесете глатко тесто.

     

  2. Покријте да одмара половина час. Развлечете на 1 см дебелина и вадете со чаша мали кругови. Разматете белки со малку шеќер во прав и додајте во мелените ореви и измешајте. Вадете со лажичка и ставајте на средина, тестото соберете го од сите страни и ставајте во плех, како што е прикажано во видеото. Печете на 200 степени околу 35 минути. Посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text