Доколку сакате брз и вкусен оброк, еве идеалне рецепт за вас!
Состојки:
- 1 дл јогурт
- 1/2 дл масло
- 2 лажици крем сирење
- 2 лажици кисела павлака Пекабела
- 1 лажичка сол
- 1 кесичка прашок за печиво
- брашно околу 400-500 гр
Состојки за фил:
- пилешки гради Пекабеско
- гауда сирење
- кечап
- шампињони
- маслинки
- оригано
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Од сите состојки замесете меко тесто кое не се лепи за раце. Оставете го 15 минути додека не го подготвите филот. Рерната вклучете ја на 200 степени и загрејте.
- За фил, ситно исечкајте или изрендаје ги сите состојки.
- На побрашнета подлога развлечете го тестото со дебелина од 0,5 см и вадете кругови. Премачкајте ги со кечап, ставете фил и оригано и со вилушка притиснете ги рабовите да се спојат. Наредете ги во плех и премачкајте со разматено јајце. Печете на 200 степени додека не поруменат.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко