Ролат полн чоколадо за брзо време

Ролат полн чоколадо за брзо време

Чоколаден ролат за брзо време.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 200 мл. слатка павлака
  • 200 гр. бело чоколадо
  • 1-2 лажици инстант кафе
  • 150 гр. темно чоколадо за горе
  • 4 лажици масло

Подготовка:

  1. Се матат убаво со миксер јајца со шеќерот, па се додава брашно постепено и се меша, но не со миксер, туку со жица или лажица.
  2. Се намастува плех за печење и се става малку брашно доле, па се става смесата и се пече додека не порумени на 180 степени.
  3. Потоа се вади тестото и се мота во влажна крпа.
  4. Се става во слатката павлака 1-2 лажици кафе и се варат, па се додава искршено бело чоколадо и се меша.
  5. Се лади и се мати со миксер потоа.
  6. Се премачкува ролатот со кремот и се витка, па се топи темното чоколадо со  масло и се прелива колачот.

Прочитај поврзани рецепти:

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Шарска плескавица

Паста и сос по домашен рецепт

Шпагети во бешамел сос – одлично мезе со фудбал и пиво

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

 

singlepost_text