Направете вкусно пилешко со зеленчук.
Состојки:
- 2 пилешки батаци
- 4-5 компири
- 1-2 тиквички
- 200 гр. брокула, морков, грашок, пченка
- 4 црвени пиперки
- 1 пакување бешамел сос
- 150 гр. кашкавал
Подготовка:
- Се сечат компирите кои треба да се измиени и излупени заедно со тиквичките како за мусака.
- Се редат на плех со малку масло.
- Се става меѓу нив парчиња печени пиперки.
- Се печат батаците на масло 25 минути во рерна, па се сече месото.
- Се додава останатиот зеленчук и се ставаат зачини, па се става смесата на средина на плехот со тиквички и компир.
- Се става масло и се пече 35 минути.
- Се става горе бешамел кога ќе омекне зеленчукот и се става кашкавал, па се запекува уште 10 минути.
Прочитај поврзани рецепти:
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Шпагети во бешамел сос – одлично мезе со фудбал и пиво
СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар