Брзи солени стапчиња – Појадок од кој цело маало ќе замириса

Брзи солени стапчиња – Појадок од кој цело маало ќе замириса

Направете вкусни солени стапчиња.

Состојки:

  • 1 маргарин
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 лажица сол
  • 3 шолји брашно
  • сусам за горе

Подготовка:

  1. Се мати маргаринот со едно јајце и една жолчка.
  2. Се става млеко со сол и брашно.
  3. Се става и квасец.
  4. Се меша убаво смесата и се разлекува, се мачка со разматената белка која остана и се става сусам.
  5. Се сечат стапчиња и се печат на 200 степени на загреана рерна додека не поруменат околу 20 минути.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки