Вкусна и сочна: Брза пита со тиквици и сирење

Вкусна и сочна: Брза пита со тиквици и сирење

Вкусна и сочна пита со тиквици и сирење…

Состојки:

  • 1 тиквица од околу 500 гр
  • 250 гр сирење
  • 50 мл вода
  • 100 мл масло
  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • сол
  • 500 гр кори за пита
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте една средна тиквица, посолете и исцедете. Сокот кој ќе го добиете искористете го за премачкување. Тиквиците измешајте ги со сирење.
  2. Во сокот од тиквици додајте уште малку вода (50 мл), јајца, масло, сол и добро измешајте. Потоа измешајте брашно и прашок за печиво.
  3. Намастете тепсија па редете кора, премаз, кора, премаз… избројте ги корите па одредете колку одат во прв ред. На средина ставете фил од тиквици, па повторно кора, премаз… Исечкајте на коцки, од горе посипете со сусам. Оставете да отстои 30 минути. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.
  4. Ако се одлучите во филот да изрендате компир, питата печете ја малку подолго.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text