Јунешко во сос од портокал

Јунешко во сос од портокал

За следниот ручек подгответе вистинска гурманска оаза со овој вкусен рецепт.

Состојки:

  • 500 гр јунешки гради
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 помала главица целер
  • морков
  • сол
  • бибер
  • сок од 1/2 портокал
  • 2 лажици пасирани домати
  • 2 лажици путер
  • 150 гр крем сирење со зачински билки

Начин на подготовка:

  1. Излупете и исечкајте кромид, лук, целер и морков и сѐ ставете во чинија.

     

  2. Месото ставете го над зеленчукот, прелијте со сок од портокал, додајте 2 лажички сол, бибер, домати и ставете во фрижидер да преноќи.

     

  3. Наредниот ден извадете од чинија, уште посолете и побиберете, па со зеленчукот, со маринада, ставете во длабока тава или тенџере и динстајте на тивок оган околу 180 минути.

     

  4. Кога ќе биде готово, месото издвојте го, а зеленчукот испасирајте го и измешајте го со сирење.

     

  5. Месото можете да го вратите во сосот или да го послужите одвоено.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text