Ви донесуваме вкусен рецепт за вечера – рижото со зеленчук.
Состојки:
- 1 мала шолја бел ориз
- 200 гр грашок
- 200 гр моркови
- 200 гр пченка
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 3 шолји врела вода
- магдонос
- малку масло
Начин на подготовка:
- На малку масло издинстајте кромид и моркови па додајте го останатиот зеленчук и измиен ориз. Додајте зачини и магдонос па налијте и врела вода.
- Оставете го рижотото да се готви 20 минути на слаб оган. Кога оризот ќе впие вода, тргнете од рингла.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна