Пржени топчиња од тесто – Совршено со сирење, јогурт и кајмак

Пржени топчиња од тесто – Совршено со сирење, јогурт и кајмак

Направете брзи и вкусни пржени топчиња.

Состојки:

  • 200 мл. топло млеко
  • 150 мл. млака вода
  • 1 кесе квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 мл. јогурт
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 600 гр. брашно
  • масло за пржење

Подготовка:

  1. Се мешаат млеко со вода, шеќер и квасец, па се оставаат пет минути.
  2. Се додава јајце со јогурт, брашно со сол.
  3. Се меша со миксер околу 7-8 минути да се добие меко тесто.
  4. Се остава да нарасне со крпа.
  5. Се премесува потоа и се дели на 8 топчиња.
  6. Се развлекува секое топче и се пржи на масло од двете страни.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки