Две совршени состојки во еден ручек: Компир со шампињони

Две совршени состојки во еден ручек: Компир со шампињони

Вкусен ручек со компир и печурки:

Состојки:

  • 500 гр. компир
  • 1 главица кромид
  • 1 пакување шампињони
  • 1 лажица брашно
  • 2 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • сол, бибер и масло

Подготовка:

  1. Се лупи и сече на кругови компирот, па се динста на малку масло.
  2. Се сече посебно кромидот со печурките и се динстаат на друга тава со масло.
  3. Се редат компирите кои треба да се подебели на дно на огноотпорен сад, се ставаат печурки и кромид горе, се става сол и бибер и вегета.
  4. Се ставаат две шолји вода и се пече на 200 степени 45 минути.
  5. Се меша брашно со јајца и јогурт и се става сол, па се прелива врз компирите и се запекува уште десетина минути.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки