Брзи меки погачици со сирење: Готови за помалку од половина час

Брзи меки погачици со сирење: Готови за помалку од половина час

Испробајте рецепт за тесто во комбинација со зачини која дава совршенство од вкусови.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици сол
  • 250 гр јогурт
  • 150 гр свежо сирење
  • зачини по желба (рузмарин, босилек…)
  • 2 парчиња млад кромид
  • 200 гр рендано тврдо сирење
  • 1 прашок за печиво
  • 450 гр брашно

Начин на подготовка:

  1. Во сад соединете јајца, сол, јогурт и свежо сирење. Додајте рендано сирење, зачини и прашок за печиво и повторно сѐ измешајте.

     

  2. Додајте брашно во неколку наврати додека месите. Важно е да добиете фино тесто кое може лесно и без лепење да се стави на работната површина.

     

  3. Поделете го тестото на четири делови и секое топче развлечете го на 0,5 – 1 см дебелина.

     

  4. Почекајте и пржете во загреано масло од секоја страна додека не поруменат.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text