Пица со печени пиперки

Пица со печени пиперки

Искористете ја сезоната на пиперки и направете вкусен ручек.

Состојки:

  • тесто за пица
  • печени пиперки
  • 4 домати
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр маслинки
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Доматите излупете ги па исечкајте ги што поситно. Пропржете ги со маслиново масло, сол, бибер. Потоа добиениот доматен сос ставете го на подлога за пица.

     

  2. Печените пиперки исчистете ги и исечкајте ги на ленти. Наредете ги на пицата. Исечкајте и кашкавал на ленти па него наредете го. Маслинките исечкајте ги ситно па ставете ги на врвот, додајте и оригано. Печете десетина минути на умерен оган.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text