Запечено пилешко со спанаќ – едноставно и вкусно јадење

Запечено пилешко со спанаќ – едноставно и вкусно јадење

Брзо се подготвува, а вкусот е одличен!

Состојки:

  • 600 гр пилешки гради
  • 1 кг спанаќ
  • 2 лажици зачин
  • 1 главица кромид
  • 1 лажици мелена црвена пипер
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечкани на коцки или шницли посолете ги, додајте зачин, побиберете и пржете на тава на загреано масло. Во тавата налијте 100 мл вода, па додајте исечкан кромид. Уште еднаш зачинете. Додајте црвена пипер и налијте уште 100 мл вода.

     

  2. Со масло пропрскајте керамички сад и ставете половина од измиените листови спанаќ. Половина од содржината од тавата ставете над спанаќот. Преку ставете ги останатите листови спанаќ, па останатата содржина од тавата. Поклопете и ставете во рерна, печете 60 минути на 220 степени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text