Рижото со телешко

Рижото со телешко

Брз и вкусен ручек…

Состојки:

  • 500 гр телешко месо
  • 250 гр ориз
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 2 домати
  • 2 пиперки
  • модар патлиџан
  • сол
  • бибер
  • црвена пипер
  • малку целер или магдонос

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го и ситно исечкајте го. Телешкото исечкајте го на коцки и динстајте на загреано масло со сечкан зеленчук и зачини.

     

  2. Оризот измијте го и додајте го во динстаното месо и зеленчук. Ставете малку вода и ставете да се готви на тивок оган, без мешање, само протресете го садот од време на време.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак