Стар, оригинален рецепт за џем од јаболка

Стар, оригинален рецепт за џем од јаболка

Неодолив домашен џем од јаболка по оригинален стар рецепт.

Состојки:

  • 750 гр рендани јаболка
  • 250 гр рендани моркови
  • 100 мл вода
  • 1 бурбон ванилин шеќер
  • цимет
  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги јаболката, изрендајте ги и иситнете ги со миксер. Измешајте ги со останатите состојки и ставете ги во сад. Оставете мешавината да зоврие и гответе на слаб оган, повремено мешајќи, околу 40 минути. Во текот на готвењето на површината би можела да се појави пена, која треба да ја отстраните.

     

  2. Уште врелиот џем ставете го во стаклени тегли кои претходно сте ги измиле и стерилизирале во рерна на 100-110 степени. Затворете ги и преклопете ги теглите на неколку минути како би се направил вакум. Џемот треба постепено да го изладите и да го чувате на суво и ладно место.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text