Вкусни залаци готови за неколку минути…
Состојки:
- багет
- 2 чешниња лук
- 100 гр крем сирење
- 150 гр пршута
- свеж рузмарин
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Багетот исечкајте го на парчиња. Секое парче леб истријте го со лук, па кратко запечете. Парчињата премачкајте ги со крем сирење и наредете пршута исечкана на листови. Пропрскајте со маслиново масло и декорирајте со гранчиња рузмарин, па послужете.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука