Фантастични медени колачи: Десерт кој ќе ве воодушеви

Фантастични медени колачи: Десерт кој ќе ве воодушеви

Направете совршен десерт на оригинален начин…

Состојки:

  • 350 гр брашно
  • 120 гр шеќер
  • 120 гр мед
  • 1 јајце
  • 60 гр путер
  • 60 гр маст
  • малку цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр прашок за печиво
  • 50 гр сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете путер и маст со шеќер и јајце.

     

  2. Додајте ги сите останати состојки и замесете глатко тесто. Ставете во кеса, па оставете го 30 минути во замрзнувач.

     

  3. Сечете мали квадратчиња, па обликувајте мали топчиња. Ставете во хартиени калапи па редете во тепсија.

     

  4. Печете на 200 степени околу 15 минути. Можете да ги прелиете со чоколадна или бела глазура.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука