Бомбици со кафе, бело и црно чоколадо

Бомбици со кафе, бело и црно чоколадо

Бомбици со варено кафе и бело чоколадо кои се топат во уста.

Состојки:

  • 1 мала шолја сварено црно кафе
  • 250 гр. мелени бисквити
  • 250 гр. кокос
  • 250 гр. шеќер
  • 200 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 5 лажици масло

Подготовка:

  1. Се ставаат во сад мелените бисквити со кокос и шеќер  и се додава мала шолја сварено кафе.
  2. Се меси тесто, се прават топчиња и се оставаат да се стврднат, па се ставаат во бело чоколадо кое ќе го растопите со масло, а горе се шараат со темно чоколадо или обратно.
  3. Се ладат и служат.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text