Бајадера по евтин рецепт – Највкусниот десерт за малку пари

Бајадера по евтин рецепт – Највкусниот десерт за малку пари

Направете го најубавиот десерт бајадера по брз и евтин рецепт.

Состојки:

  • 400 гр. шеќер
  • 12 лажици вода
  • 150 гр. мелени ореви
  • 150 гр. мелени бисквити
  • 125 гр. маргарин
  • 3 лажици какао

Глазура:

  • 120 гр. чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 1 лажица маргарин

Подготовка:

  1. Се става шеќерот во шерпа и се става вода. Се остава да се стопи па  се ставаат мелените ореви и бисквити во смесата.
  2. Се меша, па се трга од шпорет и тогаш се додава маргарин исечен на коцки и се меша.
  3. Се дели на два дела смесата, во едниот се става какао.
  4. Се обложува плех со хартија и се става темната смеса, се рамни, врз неа светлата и се рамни и таа.
  5. Се прелива со глазура од растопено чоколадо со масло и маргарин.
  6. Се лади и служи.

Уживајте!