Маринирани пилешки крилца

Маринирани пилешки крилца

Подгответе вкусно мезе, неодоливи пилешки крилца.

Состојки:

  • 1 кг крилца
  • 250 мл вода
  • 250 мл соја сос
  • 1/2 шолја кафеав шеќер
  • 1/4 шолја јаболков оцет
  • 1/4 шолја масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка ѓумбир во прав

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте ги сите состојки за маринада. Додајте крилца, покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер неколку часа.

     

  2. Намастете плех со масло, наредете крилца, прекријте со фолија и печете половина час на 180 степени. За тоа време зовријте ја маринадата да згусне.

     

  3. Извадете ги крилцата од рерна, свртете ги и премачкајте ги со маринада, па вратете ги во рерна без фолија уште 45 минути, со тоа што ќе ги премачкувате уште два пати на секои 15 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

singlepost_text