Стариот леб претворете го во вкусен десерт: Рецепт готов за 5 минути

Стариот леб претворете го во вкусен десерт: Рецепт готов за 5 минути

Евтини состојки, брза подготовка, а одличен вкус…

Состојки:

  • 6-7 парчиња стар леб
  • 2 јајца
  • 1 пудинг од ванила
  • 200 мл млеко
  • малку масло
  • малку цимет
  • 2 лажици мед или шеќер
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Тепсија со помали димензии 15х15 намастете со маслиново масло. Во сад скршете јајца, додајте млеко, малку масло, пудинг и ванилин шеќер, малку цимет, па добро изедначете со жица.

     

  2. Парчињата леб потопете ги во смесата од млеко па наредете во плех на дното. Посипете со суво грозје, па од горе наредете уште еден ред леб, па прелијте со остатокот од млекото. Посипете со уште малку суво грозје и печете на 200 степени околу 30-40 минути течноста да испари и убаво да се запече.

     

  3. Печениот десерт посипете го со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула