Мини переци со сирење и кашкавал – Ќе замириса цело маало

Мини переци со сирење и кашкавал – Ќе замириса цело маало

Направете вкусни переци во вашата кујна за Добро утро.

Состојки:

  • 200 гр. брашно
  • 100 гр. сирење
  • 100 гр. путер
  • пола кесе прашок за пециво
  • 2 лажици млеко
  • 1 жолчка
  • кашкавал

Подготовка:

  1. Се меша брашно со сирење и путер, прашок за пециво и млеко и се меси.
  2. Се прави тесто и се прават ситни переци, па се премачкуваат со жолчка и се става сусам.
  3. Се става рендан кашкавал горе.
  4. Се печат на загреана рерна на плех со хартија на 180 степени додека не поруменат.