Вкусен ручек: Мусака со карфиол

Вкусен ручек: Мусака со карфиол

Брз и вкусен ручек кој ќе ве освои на првиот залак.

Состојки:

  • 1 поголем карфиол
  • 250 гр шунка Пекабеско
  • 220 мл павлака за готвење
  • 100 гр тврд кашкавал
  • 3 јајца
  • 3 дл млеко
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Згответе карфиол, процедете и оставете да се излади. Шунката ситно изрендајте ја, а павлаката разматете ја со јајце.

     

  2. Намастете огноотпорен сад со путер. Цветовите карфиол извалкајте ги во презла и наредете една половина карфиол на дното на садот. Посипете со целата количина рендана шунка, па залијте со павлака и јајце.

     

  3. Потоа наредете го останатиот карфиол извалкан во презла. Разматете ги останатите јајца, посолете, додајте млеко. Прелијте преку мусаката и изрендајте кашкавал. Печете во рерна на 200 степени 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо