Леблебии со вкус на кари

Леблебии со вкус на кари

Доколку сте љубител на овие намирници, сигурно ќе ви се допадне следниот рецепт.

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 2 лажички кари
  • 300 гр домати во лименка
  • 1 лажица шеќер
  • 400 гр леблебии
  • сол
  • малку јогурт
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

  1. На загреано масло ставете чешниња лук и ѓумбир да се пропржат околу 30 секунди. Потоа додајте кари, уште малку пропржете, па ствете домати и шеќер. Кога смесата ќе проврие, поклопете и гответе на умерена температура 10-12 минути. Ставете леблебии, измешајте и гответе уште четири минути. Посолете, тргнете од оган, па во јадењето додајте малку јогурт и ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула