Необична мусака од грав и јајца

Необична мусака од грав и јајца

Прво ова јадење ќе ви се чини необично, но кога ќе го пробате ќе бидете изненадени од богатиот вкус.

Состојки:

  • 1/2 кг грав
  • 7 јајца
  • 250 гр кашкавал
  • 220 мл павлака за готвење
  • 1 мала шолја млеко
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Гравот згответе го, процедете го и испасирајте, добро посолете и побиберете. Сварете 5 јајца, излупете ги и исечкајте ги на кругови. Сирењето изрендајте го.

     

  2. Во намастен огноотпорен сад наредете на дното половина од гравот, преку наредете кругови јајца, посипете со рендано сирење и залијте со врел путер. Потоа прекријте со останатиот грав.

     

  3. Мусаката залијте ја со разматени јајца, павлака за готвење, млеко и малку сол. Печете во рерна на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text