Брзи топчиња со мелено месо – Совршени за ручек и прослави

Брзи топчиња со мелено месо – Совршени за ручек и прослави

Направете совршени топчиња со мелено месо.

Состојки:

  • 300 гр. ориз
  • 50 гр. пармезан
  • 1 главица кромид
  • 150 гр. мелено месо
  • ½ шолји доматно пире
  • 50 гр. грашок
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 јајца
  • презла, сол и масло

Подготовка:

  1. Се вари одделно оризот во солена вода, се цеди и лади и му се додава едно јајце и пармезан.
  2. Се пржи на масло кромидот ситно исечен, се додава мелено месо и доматно пире и се крчка 15 минути.
  3. Се става грашок во сосот, се зема една супена лажица ориз на раката, се става во центарот малку од сосот со месо и кашкавал на коцки, се прави топче и се става во јајца и презла.
  4. Се пржат на загреана тава на масло.
  5. Се цеди на салфета.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко