Повкусни од сирењаци: Топчиња полни сирење

Повкусни од сирењаци: Топчиња полни сирење

Направете вкусно пециво кое се топи во уста, а не е тешко за подготовка.

Состојки:

  • 500 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажички сол
  • 4 лажици масло
  • 1 квасец
  • 1 кг. брашно
  • 120 гр. маргарин
  • ½ шолји масло
  • сирење за полнење

Подготовка:

  1. Се меси тесто од млекото со јајца, сол и шеќер, брашно, масло и квасецот.
  2. Се остава да одмори 10 минути, се става масло на плех и се дели тестото на 25 топчиња.
  3. Од секое се прави како полжав со замесување, се става на плех, па горе на средина се става малку сирење.
  4. Се оставаат да отстојат околу еден час покриени.
  5. Се топи пола маргарин со шолјата масло и се преливаат топчињата, па се печат на200 степени додека поруменат.

Уживајте!