Наместо кајгана, јајца на око или варени, испробајте мафини од јајца со зеленчук.
Состојки:
- 6 јајца
- 0,5 дл млеко
- 170 гр спанаќ
- прстофат сол
- прстофат бибер
- 1 црвена пиперка
- 50 гр чедар сирење
Начин на подготовка:
- Добро разматете јајца и млеко, додајте зачини, а потоа ставете и ситно исечкан спанаќ, пиперка исечкана на коцки и чедар.
- Намастете калап за мафини со масло или путер и ставете ја смесата.
- Загрејте ја рерната на 190 степени и печете 20-25 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт