Чоколадни коцки за малку пари

Чоколадни коцки за малку пари

Направете вкусни и брзи чоколадни коцки за кои нема да потрошите многу пари.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 2 дл. вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 дл. масло
  • 300 гр. брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за пециво

Глазура:

  • 2 јајца
  • 140 гр. шеќер
  • 150 гр. темно чоколадо
  • 100 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се матат за бисквит јајцата со вода и масло, апотоа се додава брашното измешано во сад со какао и прашок за пециво, како и ванилин шеќер.
  2. Се меша се убаво и се става на тепсија со масло и брашно, се пече 30 минути на 180 степени, додека не почне да се двои од тепсијата.
  3. Се матат за глазура јајца со шеќер на пареа, се става чоколадо со маргарин.
  4. Се лади малку и се става на бисквитот.
  5. Се сечат коцки, а се декорираат по желба со кокос, ореви, бадеми, лешници, мрвици…

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко