Вкусни ќофтиња од пилешко месо и тиквици

Вкусни ќофтиња од пилешко месо и тиквици

Вкусни ќофтиња од пилешко – месо кое се топи во уста…

Состојки:

  • 450 гр мелено пилешко месо
  • 1 јајце
  • 100 гр овесни снегулки
  • 250 гр рендани тиквици
  • 1 лажица сечкан лук
  • 6 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте пилешко месо со јајце, овесни снегулки, рендани тиквици и лук. Посолете и побиберете, добро измешајте и обликувајте 12 ќофтиња со еднаква големина.

     

  2. Загрејте масло во тава на умерена температура, додајте ќофтиња и пржете 15-20 минути. Повремено вртете ги. Послужете со сос од јогурт, малку лут зачин, магдонос и лажичка сечкан лук.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text