Кафанска погача: Рецепт кој ќе го правите постојано

Кафанска погача: Рецепт кој ќе го правите постојано

Ништо не е повкусно од домашно меко тесто…

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 10 гр сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 180 мл газирана минерална вода
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Газираната минерална вода загрејте ја (да биде млака), додајте шеќер, сув квасец и измешајте. Во длабок сад ставете брашно, додајте сол и измешајте.

     

  2. Потоа додајте растопен квасец, масло и замесете тесто. Тестото растегнете го со намастени раце. Премачкајте со масло мала тепсија, посипете со брашно и ставете го тестото. Покријте со чиста кујнска крпа и оставете да отстои 15 минути. Со вилушка направете шари (избоцкајте го тестото).

     

  3. Загрејте ја рерната на 250 степени, па намалете на 180 и печете ја погачата 15 минути.

     

  4. Готовата погача извадете ја од рерна, пропрскајте со вода, покријте со чиста кујнска крпа и оставете да се излади (десетина минути).

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство