Направете сочни шницли во сос.
Состојки:
- 4-6 шницли
- 2 супени лажици вода
- 4 лажици павлака за готвење
- 2 супени лажици сенф
- 2 кисели краставици
- 2 лажици масло
- сол, бибер, вегета, магдонос
Подготовка:
- Шницлите малку се удираат со чекан за месо, се ставаат на нив сол и вегета, па се пржат на две лажици масло.
- Се вадат од маслото и се држат на топло.
- На маснотијата од месото се става вода, се додава павлаката за готвење,се додаваат и киселите краставички исечени на ситни коцки и се се меша.
- Се додаваат и сенфот, магдоност, зачини по желба и се остава да поврие смесата.
- Шницлите се ставаат во сосот, па се послужуваат веднаш.