Ручек кој ветува: Мусака со сланина

Ручек кој ветува: Мусака со сланина

Вкусна мусака со сланина која ќе ве воодушеви…

Состојки:

  • 800 гр компири
  • 4 јајца
  • 300-400 гр мелено месо
  • 4 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • масло
  • сол
  • бибер
  • мелена црвена пипер
  • 200 гр сланина
  • 1 полна лажица кисела павлака
  • 200 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Рерната веднаш вклучете ја на 200 степени. На масло пропржете сечкан кромид, па додајте мелено месо и по желба малку сланина, сечкана. Додајте црвена пипер, сол, бибер, издробен лук и 1 јајце. Измешајте.

     

  2. Намастете тенџере со масло. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Во намастено тенџере, ѓувеч или тепсија ставете половина од компирите, потоа целиот фил од мелено мео. Преку остатокот од компирите.

     

  3. Разматете 3 јајца, додајте павлака, млеко и изедначете. Прелијте ја мусаката.

     

  4. Од горе по желба ставете листови сува сланина. Печете околу еден час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство