Солени бомбици со сирење, маслинки и ореви

Солени бомбици со сирење, маслинки и ореви

Вкусни мали топчиња со сирење и маслинки, направете супер предјадење или појадок.

Состојки:

  • 250 гр. маслинки
  • 250 гр. сирење
  • 50 гр. маргарин
  • 100 гр. ореви
  • сол и зачини, магдонос

Подготовка:

  1. Се мелат оревите, се сече магдоносот кој треба убаво да е измиен и се сечат маслинките кои се двојат од семките
  2. Се мати маргаринот да биде пенаст, па се става сирење и се продолжува со матење, се ставаат ореви и магдонос, па се ставаат маслинки.
  3. Се меша и се прават бомбици со додавање зачини по избор.
  4. Може да ги извалкате во ореви.

singlepost_text