Сос со лук – Совршено со месо

Сос со лук – Совршено со месо

Супер сос со лук за со месо, совршена комбинација.

Состојки:

  • 5 чешниња лук
  • 50 гр маргарин
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл млеко
  • сол, бибер, магдонос, зачини по желба

 

Подготовка:

  1. Маргаринот се растопува и се додава брашно па добро се соединува.
  2. Се додава и ситно сецканиот лук, па малку се динста за да омекне, по што се додава и млекото и се динста додека не почне да згуснува смесата.
  3. Се додаваат зачини и магдонос.

singlepost_text