Совршен ручек: Пилешки пилав

Совршен ручек: Пилешки пилав

Вкусен, здрав и лесен оброк од ориз и пилешко…

Состојки:

  • 1 кг пилешко месо
  • 1 морков
  • 50 гр корен од целер
  • корен од магдонос
  • 300 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилето исчистете го, измијте го и исечкајте го на парчиња, па месото ставете го во ладна посолена вода. Додајте исчистен и исечкан зеленчук и гответе како супа.

     

  2. На масло пропржете кромид и лук, додајте ориз и зачинете со сол и бибер.

     

  3. Динстајте го оризот со кромид, повремено доливајќи супа. Кога оризот ќе биде речиси готов, префрлете во сад за печење, а преку наредете парчиња пилешко и зеленчук. Прелијте со супа па ставете во рерна загреана на 220 степени. Печете околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text