Компири со домати и фета сирење

Компири со домати и фета сирење

Вкусни компири со домати и фета сирење…

Состојки:

  • 5 компири
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 3 домати
  • 1 дл сок од домати
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 мала шолја масло
  • сол
  • бибер
  • 200 гр фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Компирите исечкајте ги на коцки, морковите на кругови, кромидот на ситни коцки, па сѐ заедно ставете во сад со масло. Додајте рендани домати, сок од домати, шеќер и зачини.

     

  2. Динстајте на тивок оган додека компирите не омекнат, ако е потребно во текот на готвењето додајте малку топла вода.

     

  3. На крај додајте иситнето фета сирење и штом омекне и се стопи со останатиот сафт, јадењето е готово.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text