Вкусна погача со сирење – мека како пена, се топи во уста

Вкусна погача со сирење – мека како пена, се топи во уста

Сервирајте за доручек со чаша јогурт, кисело млеко и малку ајвар.

Состојки:

  • 300-350 гр лебно брашно
  • 100 гр пченкарно брашно
  • 300 мл млако млеко
  • 20 гр квасец
  • сол
  • малку шеќер
  • 50 мл маслиново масло
  • 100 гр тврдо сирење
  • малку семки

Начин на подготовка:

  1. Потопете квасец во млако млеко, додајте лажичка шеќер. Потоа додајте брашно, масло, сол и замесете глатко меко тесто. Оставете да нарасне, премесете, па оставете повторно да нарасне.

     

  2. Намастете маса со малку масло, па ставете го тестото. Со масни раце развлечете го тестото, па на половина од тестото издробете сирење. Преклопете со другата половина и со раце добро притиснете ги рабовите.

     

  3. Намастете плех, па ставете ја погачата, покријте ја да нарасне.

     

  4. Вклучете ја рерната на 220 степени, па кога погачата ќе одмори, печете околу 25 минути. Штом порумени ќе биде готова. Покријте и сотавете да одмори 15 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text