Запечен сладок леб

Запечен сладок леб

Едноставен и брз десерт…

Состојки:

  • 8 парчиња бел леб
  • 2 раце суво грозје
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 1,5 лажица путер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Намастете огноотпорен сад со путер па премачкајте ги и парчињата леб.

     

  2. Наредете половина од парчињата леб на дно од сад за печење. Посипете со лажичка шеќер и половина од сувото грозје. Поклопете со втор слој леб и повторете ја постапката.

     

  3. Разматете три јајца и додајте млеко. Прелијте ја смесата преку лебот и оставете да отстои 10-20 минути.

     

  4. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text