Ручек кој ќе го правите често: Шницли во деликатесен сос

Ручек кој ќе го правите често: Шницли во деликатесен сос

Шницли со деликатесен сос од кисели краставички:

Состојки:

  • 600 гр. свински шницли
  • 1 лажица павлака
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 4-5 кисели краставички
  • 3-4 чешни лук
  • 3 главици црвен кромид
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Шницлите се наросуваат со сол и бибер, па се ситни лукот и се мачка врз нив.
  2. Се валкаат во малку брашно и се пржат на тава со масло.
  3. Кога ќе поруменат од двете страни се вадат и во истото масло се додаваат ситно сечените лук и кромид, па ситно сечените краставички и се динста.
  4. Се додаваат и мелената црвена пиперка, сол и бибер, па се става и малку вода.
  5. Се ставаат шницлите во тавата, па се додава уште малку вода за да ги прекрие, а потоа се остава да крчка се во тавата додека месото не омекне, а сосот не се згусне.
  6. На крај се додава и лажица павлака.
  7. Се служи со компир или тестенини.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

 

 

singlepost_text