Рецепт за највкусните ќофтиња во доматен сос

Рецепт за највкусните ќофтиња во доматен сос

Со овие ќофтиња послужете пире од компири…

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • кора од леб во млеко
  • малку црвена пипер
  • бибер
  • сол
  • 1 јајце
  • масло
  • малку презла
  • 2 лажици брашно
  • 200 мл готвени домати

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте исцедена кора од леб, јајце, сечкан кромид и лук, црвена пипер и мелен бибер, сол и малку презла.

     

  2. Сѐ добро изедначете со раце. Правете ќофтиња и пржете ги во масло да поруменат. Вадете ги на хартиена салфета.

     

  3. Во тенџере ставете малку масло, додајте 2 лажици брашно да порумени, додајте готвени домати и ставете 300 мл вода и мешајте.

     

  4. Додајте ги ќофтињата во сосот и оставете да врие неколку минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text