Слатко задоволство кое не се пече: Торта со пишкоти и капини

Слатко задоволство кое не се пече: Торта со пишкоти и капини

Десерт кој ќе ве воодушеви…

Состојки:

  • 1 пакување пишкоти
  • 200 мл слатка павлака
  • 200 гр кисела павлака
  • 200 гр шлаг пена
  • 100 гр чоколадо
  • 300 гр капини
  • 12 парчиња чоколадни банани
  • 200 гр шлаг пена за украсување
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Посебно разматете 200 гр слатка павлака, а посебно 200 гр шлаг пена. Во слатката павлака додајте растопено чоколадо.

     

  2. Млекото загрејте го и додајте 1 ванилин шеќер, а малиот кружен плех обложете го со проѕирна фолија.

     

  3. Пишкотите провлечете ги низ млеко на кратко и наредете ги на дното.

     

  4. Од горе распоредете слатка павлака. Потоа наредете и капини, па додајте го чоколадниот дел.

     

  5. Преку наредете чоколадни банани, па павлака и преку павлаката чоколаден дел и на крај пишкоти.

     

  6. Оставете да се излади во замрзнувач, свртете на чинија и украсете со шлаг.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text