Алфредо пилешко со тестенини: Божаствен ручек готов за половина час

Алфредо пилешко со тестенини: Божаствен ручек готов за половина час

Постапката за подготовка на овој оброк е многу едноставна, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 парчиња пилешки гради
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/2 шолја пилешки бујон
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр фетучина паста
  • 1/2 шолја павлака
  • 1 шолја свежо изрендан пармезан
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во голема тава загрејте масло, додајте пилешко, посолете и побиберете. Пржете додека не биде готово (околу 10 минути). Тргнете го месото на страна, па кога малку ќе се излади исечкајте го.

     

  2. Во тавата во која се пржело пилешкото додајте млеко, бујон и лук. Посолете и побиберете и оставете да се готви. Додајте паста и гответе неколку минути со постојано мешање.

     

  3. Измешајте павлака и пармезан и потоа додајте во сосот и гответе додека не згусне. Веднаш, додека се уште е врело, на чинија ставете прво подлога од резанки со сос и на тоа наредете исечкано пилешко филе. Украсете со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text