Предјадење од запечени пиперки

Предјадење од запечени пиперки

Направете вкусно јадење од малку состојки.

Состојки:

  • 4 големи печни пиперки
  • 2 лажици презла
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 2 лажици рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Печените пиперки излупете ги, исчистете ги од семки и наредете ги во помал и плиток намастен огноотпорен сад. Магдоност и лукот ситно исечкајте ги и посипете рамномерно по пиперките.

     

  2. Во помала чинија измешајте презла и пармезан и посипете преку магдоносот и лукот. Пропрскајте со масло и печете десетина минути во рерна, на 200 степени. Пред крај запечете на грил да поруменат.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта